(Видео) Кејт Мидлтон за првпат се појави во јавноста – ексклузивна снимка од неа и принцот Вилијам

by Fokus
getty

Принцезата Кејт е видена во јавноста само една недела по контроверзноста околу дигиталната манипулација на фотографијата објавена на платформата X од Кенсингтонската палата. Принцезата од Велс беше прикажана во ново видео со принцот Вилијам додека парот ја посети локалната фарма за време на викендот во Виндзор, Англија.

Видеото, објавено од британскиот весник „Сан“ и споделено во понеделникот вечерта, е првото видео што јавноста го виде откако Кејт беше хоспитализирана во средината на јануари поради,како што Кенсингтонската палата го опиша во тоа време – планирана абдоминална операција. Исто така е само трет пат принцезата да се појави во јавноста од крајот на декември, додека на мрежите и понатаму се поставуваат прашања за нејзиното здравје. Но, и потенцијални љубовни врски за кои се зборува во јавноста во Британија, а кои кралското семејство ги отфрла.

Британскиот весник The Sun објави дека Кејт била видена во текот на викендот како изгледа „среќна, опуштена и здрава“ додека го поминувала секојдневниот живот во Виндзор, каде што таа и Вилијам живеат со нивните три деца; Принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот. Освен што заедно посетиле локална фарма, Кејт и Вилијам наводно ги гледале нивните три деца како спортуваат, пишува The Sun.

Од јануари, продолженото отсуство на Кејт од јавните должности предизвика гласини за нејзиното здравје и нејзиниот брак со Вилијам. Овие гласини само се интензивираа откако глобалните новински агенции подоцна извлекоа фотографија што Вилијам и Кејт ја споделија на социјалните мрежи на Денот на мајката.

Кејт подоцна објави изјава на социјалните мрежи во која се извини за „забуната“ што ја предизвикала фотографијата.

„Како и многу аматери фотографи, повремено експериментирам со Фотошоп“, рече таа во објавата. „Сакав да се извинам за каква било конфузија предизвикана од семејната фотографија. Се надевам дека на сите што славеа им беше среќен Денот на мајката“.

Последиците од повлекувањето на фотографијата сепак доведоа до тоа поголемите светски медиуми, но и јавноста да ја доведат во прашање веродостојноста на кралското семејство. Минатата недела, шефот на една од новинските агенции што ја направија фотографијата, АФП, изјави за радио Би-Би-Си дека палатата Кенсингтон повеќе не се смета за сигурен извор за агенцијата.

Поврзани новости