Петте засега непознати лица облечени во црна облека, со фантомки на главата, од огнено оружје синоќа нешто по 20 часот пукале кон Ј.К.(37) и Е.И.(28) во локал во Старата скопска чаршија, а потоа избегале со автомобил марка „ауди а6“.
Како што соопшти денеска МВР, 20-тина минути по нападот, било опожарено возилото на патот кон Горно Оризари.
„Клан М“ го сними местото каде целосно изгоре споменатиот автомобил.
Јавен обвинител уште вчера излезе на лице место, во локалот каде беше извршено злосторството и по негова наредба телата се дадени на обдукција.
Од МВР велат дека со насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.
Изгорениот автомобил ќе се даде на дополнително вештачење.