(Видео) Кавга во Град Скопје: На детето мое му беше роденден, не можев да му го прославам

by fokus

Претседателот на Синдикатот во ЈСП откако советниците во Град Скопје на првата вонредна седница на Град Скопје не ги изгласаа субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП Скопје револтиран од одлуката ги нападна советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа за доделување на субвенции.

Тој обраќајки им се на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а посебно на претседавачот со Советот од нивните редови, Трајко Славески ги прашуваше од кај да најдат луѓето пари за леб.

-Вашите деца не мрзнат, нашите мрзнат. Вие четири дена шетавте и знаете да земате паушали. Има луѓе кои живеат со една плата. На детето мое му беше роденден, не можев да му го прославам, се шетав по полициски станици, рече претседателот револтирано.

Откако не беа изгласани субвенциите од 11 милиони евра за да може да се подели плата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за одлуката со образложеие дека не може постајно да им се даваат милионски суми на ЈСП.

На оваа седница 22 советници гласаа „за“, додека 13 од ВМРО беа воздржани. Потоа за кратко беше закажана нова вонредна седница на која со 25 гласа „за“ беа одобрени субвенциите за да може да се поделат плати за вработените, а во Скопје да има јавен превоз.

Поврзани новости