616
Шест загинати, неколку исчезнати, илјадници евакуирани и десетици илјади без струја се последиците од невремето Борис, кое ја пустоши централна и источна Европа со бурни дождови и катастрофални поплави.
Ова невреме предизвика катастрофални штети и поплави во Чешка, Словачка, Полска и Романија. Под вода се и делови од Австрија.
Stronie Śląskie. Dom runął niczym pudełko z zapałek… Bardzo szybko przemieszcza się fala z pękniętej tamy. https://t.co/0Zco9KF9Hp pic.twitter.com/gRoZyxtg6C
— meteoprognoza.pl🇵🇱 (@MeteoprognozaPL) September 15, 2024
Откако во саботата во Романија загинаа четири лица, во неделата бројот на загинати се искачи на шест со давење на едно лице во Полска и смрт на пожарникар во Австрија.
Четири лица исчезнаа во Чешка.