1K
Македонската пејачка Каролина Гочева се пофали со својата најнова нумера насловена како „Од небо до дно“ која за четири часа „собра“ над 8.000 прегледи на каналот Јутјуб.
Музиката е на самата Гочева, аранжман на оваа песна направи Роберт Билбилов а текстот е дело на Весна Малинова и Владимир Даниловиќ.
Станува збор за диско-љубовна песна, нешто што одамна не сме го виделе од нашата пејачка, а македонската јавност не штедеше на пофални зборови и пораки за поддршка после оваа нова песна на Гочева.