433
Коста Карев, претседателот на Комисијата за субвенции на домашната музика се натпреварувал на аудицијата за „Македонски идол“, пренесува Фактор.
Станува збор за автор, музичар, интерпретатор и поет од Гевгелија кој пред осум години сакал да стане првиот „Македонски идол“. Снимката од аудицијата не е со најдобар квалитет (бидете трпеливи првите 25 секунди), но вреди да се погледне неговиот уникатен настап со песна која, како што ја најавува и самиот водител, ја слушаме само еднаш, но ќе ја запомниме засекогаш.