(ВИДЕО) Камери на локална телевизија го снимија моментот кога почна пукањето во Канзас: се слушаат истрели, а луѓето бегаат

by Fokus

Едно лице загина, а 21 лице беа повредени во напад во Мисури на крајот од победничката парада на Канзас Сити Чифс, кои го освоија овогодинешниот Супербол. Осум лица се здобиле со повреди опасни по живот, а седум се тешко повредени, а нивните повреди може да бидат и опасни по живот, соопштија властите.

Меѓу ранетите има и девет деца, но нивните повреди се такви што се очекува сите да закрепнат. Полицијата соопшти дека уапсила тројца осомничени во врска со пукањето. Мотивот за пукањето се уште не е познат, но неименуван полициски извор изјавил дека не постои сомнеж за тероризам, туку најверојатно станува збор за расправија која прераснала во вооружено насилство.

Камерите на локалната телевизија КЦТВ 5 го снимија моментот кога почна пукањето. На видеото се гледа како репортерот на КЦТВ се врти кон местото каде што се слушаат истрелите, а луѓето почнуваат да бегаат.

Поврзани новости