1.2K
Младиот македонски тенисер Калин Ивановски денеска е главна ѕвезда во Лондон. На јуниорскиот Вимблдон денеска тој победи и се пласираше во третото коло.
Но, она за што пишуваат медиумите е потегот на Ивановски со кој го освои меч-поенот. Со луциден потег од сервис тој го победи својот противник Родрого Пачеко Мендез и му препушти само три гема во двата сета, 6-1, 6-2.
Официјалниот Твитер профил на Вимблдон сподели видео од атрактивниот поен и напиша:
-Сте видели ли меч-поен како овој досега?
Have you ever seen a match point like this? 😯
Kalin Ivanovski with an audacious tweener serve to seal the win in the boys' singles draw#Wimbledon pic.twitter.com/oOiTgAwXdE
— Wimbledon (@Wimbledon) July 5, 2022