1.1K
Телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.
Владата во септември минатата година водеше кампања против корупцијата под мотото „Сега се е јавно – корупцијата не се исплати“. Меѓу објавените видео спотови имаше и спот токму со цариник кој бара мито.
Еве како изгледаше тоа во спотот на Владата:
А, како цариникот од Блаце го „пресними“ владиниот спот може да погледнете на овој линк од 13-тата минута на видеото снимено од албанската телевизија Клан.
Сега навистина се е јавно, ама корупцијата изгледа се уште се исплати.