ВИДЕО Како се фрлале учениците низ прозорец?

by Fokus

Што всушност се случувало во ОУ Ѓорѓија Пулевски во скопски Аеродром, јасно може да се види од видеото кое денес се објави на Фејсбук страницата Види вака.

Непромислената детска игра која се случувала извесен период во училницата, за време на одморите, без знаење на наставниците, а чиј епилог е пријавата во полиција од страна на родител чие дете се здобило со телесни повреди, ја крена земјата на нозе.

Вчера, директорот на училиштето Александар Филипчев за ,,Фокус” раскажа дека учениците кои учествувале во фрлањето од прозорец на свои соученички добиле намалено поведение, додека останатите, кои го снимале настанот и не пријавиле на време кај наставниците, добиле усни опомени.

Според него, сите ученици вклучени во немилата случка, кои се на возраст од 14 години, се извиниле за својата непромисленост и ветиле дека во иднина нема да се повтори ништо слично.

Вики Клинчарова
ВИД

Поврзани новости