590
Локалните медиуми од Хаваи објавија видео од вчерашните потоци лава кои вчера уништија 31 куќа на островот.
Поради заканата од вулканот, жителите беа евакуирани, а голем дел од нив нема да можат подолг период да се вратат во своите домови. Тие со себе ги носат и своите миленичиња, а оние кои не успејале, добија дозвола денеска да ги земат как миленичињата, така и потребната медицинска терапија и документи.
Инаку, вулканот исфрла лава на височина од над 61 метар, а научниците предвидуваат дека вулкански ерупции и земјотреси може да има во следните неколку месеци.
Килауеа е еден од петте активни вулкани на островот, континуирано еруптирајќи од 1983 година.