732
Со вчерашните 17 нови случаи и 172 активни на корона вирусот, Кочани е ново жариште на Ковид-19 во источниот дел од Северна Македонија.
И покрај тоа, се чини дека овие алармантни бројки не допираат до жителите на градот.
Парковите се полни со разиграни деца и родители, а состојбата во кафулињата е загрижувачка.
Угостителските локали се полни со луѓе, кои не држат растојание и веројатно не ги загрижува состојбата со пандемијата.
Од почетокот на епидемијата, во Кочани со корона вирусот се инфицирале 392 лица, а 212 ја надминале заразата.
Јорданчо Цветаноски