(Видео) Кадиров му презентираше на Путин модел на град во Чеченија, именуван во негова чест

by Fokus

На претседателот на Русија, Владимир Путин, во Грозни му беше претставена макета на новиот градски округ, кој беше именуван во негова чест.

Во вторникот Путин го посети Грозни, каде што беше пречекан од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Лидерот на Чеченија лично му покажа на Путин како ќе изгледа новиот регион. Според него, станува збор за грандиозен инвестициски проект кој ќе го краси главниот град на републиката. Ќе се состои од комплекс од станбени згради и објекти од социјална инфраструктура.

Поврзани новости