(ВИДЕО) Јутјуберот Стефан Лазаров со нова песна: Вози ко на вода а не како на бензин!

by Fokus

Македонскиот јутјубер и водител, Стефан Лазаров пред три дена се пофали со својата нова песна насловена како „Пари“. За само неколку дена, песната се приближува кон 40 илјади прегледи на Јутјуб, автори на текстот и музиката се 2 Бона, а видео записот се снимал три дена на повеќе локации.

Некои сцени од видео-записот се снимале во Солун, на плажа која е оддалечена на 30 километри од градот, но и во нашиот главен град Скопје.

Тој за „Фокус“ вели дека е задоволен од тоа каков е финалниот производ на таа работа и е среќен што песната станува популарна.

„Се потрудивме да биде се како што треба бидејќи тргнавме со јасна приказна и брзо завршивме. Три дена снимавме, затоа што си дозволивме повеќе да уживаме отколку да работиме. Целта на песната е да се почувствува летото, да се внесе позитивна енергија. Во однос на прегледите, задоволен сум. Публиката ја прифати на вистински начин и тоа најмногу ме радува. Песната е веќе на топ листи на неколку радија, па луѓето ќе можат да ја слушнат и на таков начин“, истакна Лазаров за „Фокус“.

Тој веќе подолго време е актуелен на Јутјуб со неговите интервјуа со личности од политичкиот, но и музичкиот свет во Македонија.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости