Иван Проведел е само вториот голман (првиот е Илија Пантелиќ пред многу години) во историјата на фудбалската Лига на шампионите кој постигнал гол со глава.
Неговиот голот синоќа во Рим за 1-1 за Лацио против Атлетико Мадрид го направи херој на вечерта, а после мечот соиграчите го фрлаа во раце.
Бројките се поклопуваат – Иван е роден во 1994 година, има дрес со број 94, висок е 194 сантиметри, а голот против Атлетико го постигна во 94 минута.
„Може да се шегувам и да кажам дека го проучував Чиро Имобиле што прави во вакви ситуации. Луис Алберто обично нафрлува на втора статива и знаев каде ќе оди топката. Не бевме договорени дали да одам напред, но имаше уште 30 секунди до крајот и тоа беше последна шанса. Не знам дали бев свесен што направив, затоа соиграчите повеќе се радуваа“ – рече Проведел.
Еве како изгледаше сето тоа:
Lazio goalkeeper Providel's last minute Goal against Atletico Madrid in UCL.
He became the fourth goalkeeper in history to score in the Champions League.#uefachampionsleague #greizman #AtleticoMadrid #LazioAtleti #LazioAtleticoMadrid #LazioAtleticopic.twitter.com/2BAQ5czcT5
— Sportsbuzz+ 𝕏 (@sportsbuzzplus) September 20, 2023