432
Бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, објавија видео на кое наводно се гледа лансирање на балистички ракети и беспилотни летала кон Израел, пишува „Скај њуз“.
Воениот портпарол на Хутите, бригадирот Јахја Сари, тврди дека групата вчера истрелала балистички ракети и беспилотни летала врз Израел. Тој рече дека тоа е трета таква операција и дека борците планираат да извршат уште напади „додека не престане израелската агресија“.
Претходно овој месец, разурнувач на американската морнарица во Црвеното Море пресретна три крстосувачки ракети и неколку беспилотни летала лансирани кон Израел од Хутите, кои контролираат голем дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.