„Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДС се поддржувачи на истото? Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес?“ праша денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.
Тој рече дека „додека Блерим Рамадани бил во притвор неколкупати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор Скопје. Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди“.
„За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир? Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот? СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ? прашува Јаревски.
Се уште очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити, порача тој.