(ВИДЕО) Јапонскиот премиер нападнат со димна бомба

by fokus

Јапонскиот премиер Фумио Кишида беше цел на напад со димна бомба за време на посетата на западна Јапонија, каде што требаше да одржи говор.

Нападот се случил додека Кишида разговарал со кандидат на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), непосредно пред планираниот говор во градот Вакајама.

Полицијата уапси едно лице, а премиерот е евакуаиран неповреден.

Поврзани новости