Една ваква сериозна работа каде што треба да опфати набавка на хеликоптери и давање на услуги на итна медицинска помош и за потрага и спасување да биде изработена од апсолутно и тотално нестручни лица како што се машински инженери, притоа каде што не се дефинирани буквално ниту едни услови, без разлика дали е тоа за формирање на самата компанија, кој какви услуги ќе дава, кои се обврските на државата, кои се условите на приватниот партнер, како ќе оди наплатата и плаќањето, кој ќе оперира со воздухопловството и слично, е една голема небулоза и огромна непрофесионалност од страна на владата, порача Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Притоа тука се наметнуваат неколку прашања, дали во целата оваа постапка при изработка на оваа студија и при водење на самата постапка се вклучени министерството за внатрешни работи, односно хеликоптерската единица во МВР, бидејќи во моментот согласно законот за внатрешни работи тие се надлежни и тие имаат единствено ингеренции да постапуваат во вакви случаи. Значи она што владата се обидува на овој криминален начин да го даде на приватна фирма во овој момент, хеликоптерската единица на МВР го прави бесплатно за сите граѓани во Република Македонија.
Од друга страна се наметнува прашањето дали останатите релевантни институции од кои што имаме сериозни индиции и сознанија дека е планирано да се врши наплаќање, тоа се М-НАВ, агенцијата за цивилно воздухопловство, агенцијата за државни патишта, но и приватниот концесионер на аеродромите ТАВ, дали се воопшто прашани и дали дале свое мислење во однос на целата оваа постапка, зошто бидејќи од целото она што можевме да го разбереме е дека дел од наплатата ќе бил од патарините, а дури имаше шпекулација дека за таа цел ќе има зголемување за износот за патарини.
Понатаму, делото за прелетите кој што е директен приход на М-НАВ и согласно правилата на Еуроконтрол истите не можат да се користат надвор од индустријата, а дотаму е небулозна ситуацијата што никако не може да се користи за приватни фирми и приватни цели.
Дали агенцијата за цивилно воздухопловство е консултирана за сето ова што се случува при М-НАВ, бидејќи еден дел од надоместокот е планирано да биде од патничкото карта на аеродромите каде што го вклучува интересот секако на концесионерот на аеродромите.
Толку е непрофесионално изработена, толку е без никакви детали што најверојатно е првата причина за сите останати пропусти кои што се случуваат во самата постапка. Нема повеќе да го коментирам и да се задржам во делот дека фирмата е основа само 24 дена пред објавување на јавниот повик, туку би се задржал повеќе на тоа дека не добивме одговори од влада дали документацијата била непотполна, бидејќи имаме сериозни сознанија дека неколку документи од документацијата на приватниот партнер која што била поднесена во самата постапка била непотполна и истите се доставувале по истекот на роковите во самата постапка, но и некои од документите се издадени многу покасно со подоцежни рокови од тоа што требало во претходната постапка за времетраењето да го исполни приватниот партнер.
Понатаму, се наметнува прашањето зошто во постапката каде што учествувале 9 лица најмалку 2ца одбиле да го потпишат извештајот од спроведената постапка истите доставуваат издвоени мислења бидејќи не се согласуваат со начинот како истата е водена. За да биде поголема небулозата е тоа што овие две издвоени мислења од членовите на комисијата од различни државни институции се класифицирани за да не може јавноста да дојде до нив и да види всушност за што има забелешки членовите на комисијата, што да бидам искрен речиси после 15 години во администрација во минатото, првпат се соочувам да се класифицираат податоци односно документација при спроведување на набавка, односно концесија на јавно приватно партнерство, особено во овој дел кој што се однесува на водењето на постапката“, вели Јанушев.