476
Австралискиот сентарот Фрејзер Анинг го шокираше светот со својата изјава обвинувајќи ги муслиманските имигранти за масакрот во Нов Зеланд. Како што рече тој нападот е резултат на стравот од муслиманите, страв кој се повеќе расте во овие две земји.
„Вистинската причина за крвопролевањето на улиците во Нов Зеланд е имиграционата програма која им овозможува на муслиманските фанатици да се доселат“, изјави 69-годишниот Анинг кој е противник на имиграциските политики.
Тој денеска повторно го коментираше нападот, но овој пат доби јајце во глава од тинејџер.
Сенаторот не остана покус, го нападна момчето по што мораа да интервенираат луѓе од страна.