104
Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили кои беа заробени од пожарот на планината Огражден и кои преку драматично обраќање преку Фејсбук побараа помош, пред малку се евакуирани со словенечки хеликоптер.
Неколкуте пожарникари од ТППЕ Струмица, заедно со градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов и цивили беа заробени од огнената стихија над селото Бадилен во радиус од 500 метри.