62
Две лица се спасени од водата по уридвањето на мост во источниот американски град Балтимор, во Мериленд.
Како што изјави шефот на противпожарната служба во Балтимор, Џејмс Валас, едното лице е во „многу тешка состојба“.
Тој рече дека првата противпожарна служба пристигнала на местото во 1:50 часот и пријавила „целосен колапс“ на мостот. Според извештаите, во моментот на уривањето на мостот имало „неколку луѓе“.
Екипите за пребарување и спасување трагаат по други лица кои се водат за исчезнати по уривањето на мостот.
Контејнерски брод под знамето на Сингапур удри утрово во мостот Френсис Скот Ки, по што делови од мостот паднаа во водите на реката Патапско.
Властите велат дека неколку возила биле на мостот кога се случил судирот.