(Видео) Израелската армија објави снимка од нападот на Газа: Тврдат дека убиле уште двајца важни членови на Хамас

by Fokus

Израелската армија (ИДФ) утринава соопшти дека во последните неколку дена „продолжила да напаѓа десетици терористички цели“ во Газа и дека во нападите биле „убиени“ уште двајца терористички оперативци на Хамас.

„Помеѓу целите кои беа нападнати во текот на изминатиот ден, воените авиони на ИДФ беа насочени кон оперативни командни центри, голем број терористички бази, противтенковски ракети и ракетни фрлачи, воена инфраструктура, како и воена инфраструктура лоцирана на врвот на терористичките тунели на Хамас“, пишуваат тие во изјавата.

Израелската војска објави и снимки од нападот на Газа.

ИДФ исто така наведува дека, врз основа на точни разузнавачки информации, убила двајца истакнати членови на военото крило на Хамас: Мухамед Авдалах и Акрам Хиџази. Како што велат, Авдалах бил командант на противтенковскиот ракетен систем на Градската бригада на Хамас во Газа.

За Хиџази пак се вели дека е „терорист од поморските сили на Хамас, дилер на оружје и терористички материјали, одговорен за насочување на терористичките напади врз Израел од Појасот Газа“.

Поврзани новости