Израелската армија (ИДФ) утрово ја уништи куќата на еден од лидерите на Хамас, Салех ал-Арури на окупираниот Западен Брег, соопштија очевидци и ИДФ.
На видеата од местото на настанот, до кои дојде Си-Ен-Ен, се гледаат неколку израелски воени возила како влегуваат во селото северно од Рамала. Друго видео покажува како куќата е погодена од експлозијата и последиците од уништувањето во таа област.
WATCH: The house of Sheikh Saleh al-Arouri, the deputy head of the political bureau of Hamas, was bombed by Israel on Tuesday morning in the town of Arura, northwest of Ramallah in the occupied West Bank pic.twitter.com/F3YOFK6bXX
— Middle East Eye (@MiddleEastEye) October 31, 2023
ИДФ во изјава за Си-Ен-Ен соопшти дека „неговите сили извршиле операции во градот“ во текот на ноќта, „да ја уништат куќата на Салех ал-Аруир, заменик на политичкото биро на Хамас“.
„За време на антитерористичката активност имаше насилни протести, па демонстрантите гаѓаа со камења кон армијата, која одговори со средства за разбивање на демонстрациите. Одговорни се идентификувани“, се наведува во соопштението.
Салех ал-Ароури е меѓу високите лидери на Хамас. Се верува дека тој е еден од основачите на военото крило на Хамас, бригадата Изад-Дин ал-Касам, а сега е сместен во Бејрут.