312
Израелската армија (ИДФ) денеска ја урна зградата на парламентот во Газа, пренесува Тајмс оф Израел. Видеата објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот на експлозијата.
ИДФ претходно соопшти дека зазеле голем број владини згради на Хамас во градот Газа, вклучувајќи го парламентот, владиниот комплекс и полицискиот штаб.
Како што беше претходно објавено, израелски тенкови и воени возила влегоа „во дворот на болницата Ал-Шифа“, изјави за Си-Ен-Ен – Кадер Ал Заноун, известувач на палестинската новинска агенција „Вафа“.
יומיים אחרי שחיילי גולני הצטלמו בו: צה”ל פוצץ את בניין הפרלמנט של חמאס בעזה | תיעוד@roysharon11 pic.twitter.com/v5VZkie7rZ
— כאן חדשות (@kann_news) November 15, 2023