Израелската влада вечерва на владина седница официјално ќе гласа за примирје со милитантната група Хезболах, со која е во војна повеќе од една година. Ова во вечерашното обраќање до јавноста го потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои побегнаа поради ракетниот истрел на Хезболах во последните година дена, не се вратат во своите домови на северот на земјата.
Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата од Иран, но ќе го зголеми притисокот врз Хамас, која го нападна Израел на 7 октомври минатата година, масакрираше жители и киднапираше повеќе од 200 Израелци и ги одведе во Газа.
BREAKING: Benjamin Netanyahu is to present a ceasefire deal to his Israeli cabinet.
"The duration of the ceasefire depends on what happens in Lebanon", he says.
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/CyZN3q6uye
— Sky News (@SkyNews) November 26, 2024
Нетанјаху го започна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој вели дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили биле постигнати големи успеси. Тој тврди дека акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток.
„Во Либан Хезболах повеќе не е истиот“, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската армија убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах.
„Израел, исто така, ја уништи инфраструктурата на Хезболах и „нападна клучни цели“, додаде тој. Тој вели дека „гледа на сите седум фронтови“ и „поширока, поголема слика“ и дека е „решен да му донесе победа на Израел“.
Нетанјаху вели дека неговиот кабинет ќе одобри договор за прекин на огнот за да се стави крај на борбите со Хезболах во Либан. Според договорот, како што вели тој, секој обид на Хезболах за повторно вооружување би бил прекршување на договорот и дека Израел „жестоко ќе одговори“ доколку го стори тоа.
„Времетраењето на примирјето зависи од тоа што ќе се случи во Либан“, рече тој.
Тој додава дека Израел повторно ќе нападне доколку Хезболах го прекрши договорот. „Овој договор може да се спроведе и ние ќе го направиме тоа“, заклучи тој.