(ВИДЕО) Израел објави видео од тунел во Газа, тврдат дека на него се гледа лидерот на Хамас: Побегна со децата и една од сопругите!

by Fokus

Израелските одбранбени сили објавија видео за кое тврдат дека го прикажува лидерот на Хамас во тунел под Газа. Јахја Синвар, кој наводно бил фатен на видеото, бил опишан како „мозокот“ на нападот врз Израел на 7 октомври.

ИД додава дека на видеото се гледа како тој бега со „една од неговите сопруги“ и децата.

Според ИД, видеото е снимено во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, а портпаролот Даниел Хагари рече дека е снимена на 10 октомври, само неколку дена по нападот врз Израел.

„Додека луѓето во Газа страдаат над земја, Синвар се крие во тунелите под нив, трчајќи како кукавица, израз на неговата вистинска личност, со една од неговите сопруги и деца“, објави ИД на Телеграм.

Хагари додаде дека Синвар побегнал под земја со своето семејство во еден од безбедните сместувачки комплекси што ги изградил претходно.

Тој додаде дека видеото е „резултат на ловот“ на Синвар и дека „ловот нема да престане додека не биде фатен, мртов или жив“.

Инаку, Синвар беше одговорен за здружување на военото крило на Хамас пред да воспостави важни нови врски со регионалните арапски сили како цивилен и политички лидер на групата.

Тој беше избран во главното тело за одлучување на Хамас, Политбирото, во 2017 година за политички лидер на огранокот на Хамас во Газа, пишува Си-Ен-Ен.

Поврзани новости