Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, одобри мобилизација на воените резервисти откако земјата прогласи воена состојба како одговор на ненадејниот напад од Газа.
„Хамас направи голема грешка утрово. Израел ќе победи во оваа војна“, рече министерот, јавува „Си-ен-ен“.
Израелските одбранбени сили објавија дека ќе ја бранат земјата, додека светските агенции јавуваат дека борци на милитантната исламистичка група Хамас се инфилтрирани и распоредени низ делови од земјата каде се слушаат истрели.
Армијата ги повика жителите на јужните и централните делови на Израел да останат во заштитените подрачја.
Најмалку 100 луѓе се повредени, според податоците од две болници, јавува „Си-ен-ен“.
Некои од повредените се здобиле со прострелни рани. Другите се ранети од шрапнели.
🇵🇸❌🇮🇱❗️ — Videos shared by locals show Palestinian Militants from the Gaza Strip are seen in Sderot, Southern Israel after landing successfully from Gaza! pic.twitter.com/bOI6kQHOm8
— Zlatti71 (@djuric_zlatko) October 7, 2023