По нападот на Хамас, одбранбените сили од Тел Авив извршија контранапад, во кој учествуваа околу 100 израелски беспилотни летала. Ова е најголемиот судир меѓу Израел и Хезболах во последните 18 години, а сега е објавена и снимката од размената на оган.
Според либанските медиуми, три лица загинале во израелско гранатирање. Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека го извршила нападот како одмазда за убиството на главниот воен командант Фуад Шакур.
We are still operating to thwart real-time threats.
IDF fighter jets have just struck additional Hezbollah launchers in several areas in southern Lebanon and a terrorist cell operating in the area of Khiam in southern Lebanon. pic.twitter.com/j6E1WNwb4d
— Israel Defense Forces (@IDF) August 25, 2024
Според портпаролот на Хезболах, биле нападнати 11 воени локации во северен Израел. Со ова операцијата завршува за денес, но нема информации дали Хезболах ќе продолжи со нападите врз Израел.
Групата негираше дека израелските превентивни напади започнати непосредно пред нејзиниот напад врз Израел влијаеле на операцијата.
– Празни се тврдењата на непријателот за превентивните дејствија што ги изврши, целите што ги погоди и прекинот на нападите на Хезболах – се вели во соопштението на Хезболах.
Israeli air-force send 100 warplanes into Lebanon, to take out thousands of rocket launchers in a pre-emotive move to prevent a planned attack on Israel.
Hezbollah had planned to launch a massive rocket barrage into Israel, prior to the air strikes.
— Oli London (@OliLondonTV) August 25, 2024
Се додава дека сите беспилотни летала биле лансирани кон целите според предвидениот распоред. Во исто време, ТВ каналот Ал-Мајадин, близок до Хезболах, објави дека нападот на групата врз Израел бил целосно успешен, а тврдењата на Израел дека превентивниот напад врз ракетните фрлачи на Хезболах бил ефикасен, биле демантирани.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека Хезболах имал намера рано утринава да истрела проектили врз централен Израел, но дека нападот бил спречен со превентивни воздушни напади на израелските воздухопловни сили во јужен Либан.
Поголемиот дел од ракетните фрлачи на Хезболах кои, наводно, биле погодени од израелски воени авиони утринава, биле распоредени за цели во северниот дел на Израел.
Околу 100 израелски воени авиони учествуваа во израелскиот воздушен напад врз Либан и беа погодени неколку илјади ракетни фрлачи на Хезболах, се вели во соопштението на ИДФ.