6
Во Кривичниот суд, денеска продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче. На листата на сведоци се тројца вработени во МВР. Останува уште еден сведок од обвинителството по што ќе следи изведување на материјалните докази.
Во однос на изјавата на еден од обвинетите, Влатко Кешишев дека првообвинетиот во случајот Љупчо Палевски, кој се товари дека бил организатор и извршител на грабнувањата и убиствата, дека воопшто не бил присутен на двата дена кога се случиле настаните, од обвинителството изјавија дека тоа нема да влијае на постапката, бидејќи има материјални докази.
Валентина Вурмо