215
Изгаснат е силниот пожар кој попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново Село кој потоа брзо се прошири на соседните три куќи.
Огнот се ширеше многу бргу во близина на бензинска пумпа. Триесетина струмички пожарникари се обидуваа да ја изгаснат огнената стихија, а пожарот го гасеа и еден полициски и еден армиски хеликоптер.