Со пцости и погрдни зборови, лице ги брка работниците кои уриваат една од трите галии покрај Вардар. Претставувајќи се како сопственик на објектот, лицето кое воедно го снима видеото ги брка работниците, а еден од нив и физички напаѓа, велејќи им дека нема судска одлука за уривање.
– Петре (Шилегов) изгуби, нема судска пресуда, кој ве прати вас, кој ви е газда, одма соберете се и да си одите. Сте ми направиле милион ипол штета, ајде одете си, да не ве видам тука – вели човекот кој се претставува како газда.
Инаку, видеото на неговиот фејсбук-профил го сподели Спирко Блажевски, сопственик на ресторан во Дебар Маало, кој веќе веќе демантираше дека е сопственик на галијата и дека го снимал видеото. Како што истакна тој, само го споделил.
Досега, интересите на галијата ги застапуваше Жарко Младеноски, управител на бугарската фирма-сопственик, но тој досега не се огласил во јавноста.