(ВИДЕО) Избегната е трагедија на фудбалски меч во БиХ – ракета ќе погодеше играч во глава

by Fokus

Фудбалерите на Вележ синоќа во градското дерби го совладаа својот најголем ривал Зрињски со 3:0, а овој натпревар понуди речиси се што може да понуди едно дерби.

Одличен фудбал, одлични голови, прекини, ракети… Сето тоа во 90 минути од синоќешното градско дерби на Мостар, кое го одбележаа и некои нефудбалски работи.

Навивачите на Вележ во второто полувреме испукаа огномет кон теренот и ракетата за малку промаши играч на Зрињски.

Се работи за Томислав Киш, на кого ракетата му помина на неколку сантиметри покрај главата.

@nogometnifanatik Red Army gađao Kiša raketama #redarmy #mostar #zrinjski #velež #ultrasi #hercegovina #bih ♬ Capcarap – Cunami Flo

Поврзани новости