Во текот на вечерните часови во Белград дуваше силен ветер пропратен со грмежи и врнежи, додека на социјалните мрежи се проширија видеа од невремето, кое збриша се пред себе.
На Твитер се појави снимка од улицата Максим Горки на која се гледа како шипка паѓа од голема височина додека ветрот брише се пред себе. За среќа, таа не удрила никого. Шипката паднала на улицата токму меѓу два автомобили во движење и паѓала вертикално!
За среќа, шипката за влакно ги избегна двете возила и на тој начин избегната е трагедија. Видеото од драмата се прошири на социјалните мрежи, а повеќето корисници на Твитер коментираа колку среќа имале двајцата возачи, објави српски „Блиц“.
Невремето што вчера создаде хаос во Словенија и Хрватска, во вечерните часови пристигна во Србија. Почна од север, од Суботица, Нови Сад, до Белград, а подоцна се прошири во цела Србија.
Во Хрватска и Словенија за време на невремето животот го загубија пет лица, а причинета е огромна материјална штета. Силниот урагански ветер носеше се пред себе, кршеше прозорци и покриви, фрлаше контејнери, корнеше дрвја и уриваше кранови. Експертите ја споредуваат силата на оваа бура со јачината на атомската бомба, а сите се согласуваат дека никогаш не виделе ваква бура.
Beograd.
Maksima Gorkog.
Sreća.
Sreća.
Sreća.
Bogu hvala.
Moglo je ubiti nekoga.
📸 Ig: moj_beo_grad pic.twitter.com/D247AB2epp— Obi-Wan (@KenobiSRB) July 19, 2023