Американските власти во вторникот ги засилија повиците до жителите на Флорида да се евакуираат пред пристигнувањето на Милтон, „исклучително опасен“ ураган што се очекува да ја погоди американска територија меѓу среда и четврток и може да биде „најлошата бура“ што го погодила полуостровот.
– Мора веднаш да се евакуирате, тоа е прашање на живот и смрт. Милтон може да биде најлошата бура во Флорида во последните сто години – предупредува претседателот Џо Бајден.
„Целиот полуостров Флорида е под некаков вид на надѕор или тревога“, изјави во вторникот гувернерот Рон ДеСантис.
Во меѓувреме, како што објави Њујорк Тајмс, Флорида е во состојба на општ хаос. Десетици илјади луѓе ги блокираа патиштата во обид да се евакуираат и останаа заглавени во сообраќајот.
Big time slow downs on Alligator Alley, i-75 out of Naples, Florida this afternoon as the mass evacuation continues ahead of Hurricane #Milton. pic.twitter.com/JZoQHfHTlb
— Bryce Shelton (@BryceShelton01) October 8, 2024
Чудовиштето ураган, кое малку ослабна во еден момент, се врати во 5-та категорија во вторникот попладне, со ветрови со брзина од 165 милји на час.
„Ова ќе биде бура што ќе го промени животот“, го цитира Би-Би-Си Џералд Лемус, жител на Флорида кој цел живот живее на американскиот полуостров и, според негови зборови, никогаш не бил евакуиран поради ураган. Сега, вели, морал, заради безбедноста на неговата осумгодишна ќерка.
Гувернерот Рон ДеСантис во вторникот изјави дека Флорида подготвила десетици засолништа надвор од зоните за евакуација за да им помогне на жителите. Долги редици на бензинските пумпи се формираа низ Јужна Флорида бидејќи некои станици почнаа да снемуваат бензин.
Според Њујорк Тајмс, во тек е една од најголемите, ако не и најголемата евакуација во историјата на земјата.
„Има толку многу сообраќај и речиси и да нема бензин. На луѓето им снемува бензин на автопатот“, изјави за Би-Би-Си Чин Перкинс, кој живее во Тампа, Флорида.