Лидерите на Јужна Кореја и на Севрна Кoреја, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун срдечно се ракуваа на почетокот од историската средба во демилитаризираната зона на границата меѓу двете држави.
Откако Ким ја премина демаркациската линија на зоната, го повика претседателот Мун за момент да ја премине на територија на Северна Кореја. Мун тоа го стори иако тоа не беше дел од претходно утврдена постапка, јавија западни медиуми.
Двајцата лидери потоа се вратија на територија на Јужна Кореја каде беше подготвена свечена церемонијата на дочек и претставување на членовите на двете делегации. Првпат лидер на Северна Кореја да премине на територијата на Јужна Кореја од крајот на Корејската војна (1950-1953). Војната формално не е завршена. Последен пат двајцата лидери се состанаа во 2007 година.
Според западните медиуми, Ким во книгата во „Куќата на мирот“ запишал „Новата историја почнува сега, години на мир се на историски почеток“.
По почетоктот на средбата Ким изјави дека сака да оджи искрени разговори за актуелни прашања и дека се надева оти самитот би водел кон „добар исход“.
– Се надевам на пишување на ново поглавје меѓу нас и ова е почеток. Ние ќе донесеме нов почеток. Се надевам дека ќе исполниме очекувања што ги имаат другите од нас. Се надевам на договор што ќе исполни големите очекувања, истакна Ким.
Севернокорејскиот лидер по првиот круг разговори ја прифати поканата на Мун да ја посети Јужна Кореја.
Според портпаролот на јужнокорејскиот претседател Јун Јунг-џан, сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг изјавила дека треба да се забраза обединувањето на двете Кореи, додека Мун предложил двете земји да се поврзат со железничка линија.