По повод денот на албанското знаме, на плоштадот Скендербег синоќа беше организирана прослава, а иако не беше најавено беше блокирана делницата од булеварот под надвозникот на старата стоковна куќа Мост.
Сообраќајот беше блокиран и отежнат по што интервенираа полицајци за да обезбедат побрзо минување на заглавените автомобили.
Славењето синоќа не само во главниот град, личеше на дивеење, проследено со пукотници и свирежи од автомобили. Еден од присутните на прославата го уништи и искина државното знаме на Македонија. Од инцидентот се појави видео на социјалната мрежа Икс.
Немам зборови… pic.twitter.com/A3bS1WU8KY
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024
Според објавата, инцидентот е снимен во близина на Бит-пазар за време на прославата на албанското знаме.