(Видео) Инцидент со авионот со кој Рубио леташе кон Минхен, мораше итно да се врати во Вашингтон

by Fokus

Авионот со американскиот државен секретар Марко Рубио, кој летал за Минхен, морал да се врати во Вашингтон поради механички проблеми.

Како што јави Ројтерс, Рубио ќе мора да отпатува за Германија, а потоа на Блискиот Исток со друг авион, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот.

Рубио требаше да присуствува на 61-та Минхенска безбедносна конференција (MSC) која започнува денеска и ќе трае до 16 февруари во главниот град на Баварија.

Во хотелот Bayerischer Hof во Минхен, светските лидери, креатори на политики и експерти ќе се соберат за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.

Поврзани новости