Кралот Чарлс се одржа говор во домот на австралискиот парламент при што сенаторка извика „ти не си мој крал“. Лидија Торп врескаше и ја прекина церемонијата во главниот град Канбера околу една минута пред да биде изнесена од обезбедувањето.
Кралот штотуку се оддалечи од говорницата за да се придружи на кралицата Камила, кога Торп почна да вика додека таа одеше напред од задниот дел на собранието. Откако таа упати обвиненија за геноцид, можеше да се слушне како вика: „Ова не е твоја земја, ти не си мој крал!“
По смирувањето на ситуацијата, кралската двојка ги поздрави граѓаните собрани околу парламентот. Луѓе кои што вееја мали австралиски знамиња беа наредени пред Парламентот на сонце цело утро. Се собраа и помал број демонстранти.
Австралија е земја на Комонвелтот каде кралот служи како шеф на државата. Торп, Абориџина која е независна сенаторка од Викторија, долго време води кампања за договор меѓу австралиската влада и нејзините први жители. Австралија е единствената поранешна британска колонија која го нема, а многу Абориџини нагласуваат дека никогаш не го предале својот суверенитет или земја на круната.
Австралија со децении дебатира дали да се отцепи од монархијата и да стане република. Во 1999 година оваа идеја беше ставена на референдум, но претрпе тежок пораз. Сепак, анкетите покажуваат дека оттогаш се зголемила поддршката за отцепување од монархијата.
Австралискиот премиер Ентони Албанес, кој е долгогодишен републиканец се ракуваше со кралот непосредно пред инцидентот. Сепак, неговата партија ја отфрли можноста за второ гласање за ова прашање во блиска иднина, по неуспешниот референдум за признавање на домородното население минатата година.
Посетата на кралот Чарлс е негова прва посета на Австралија откако ја наследи неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Поради неговото здравје, турнејата е пократка од претходните кралски посети. Кралската двојка утре во Сиднеј ќе ја продолжи посетата на Австралија, а потоа ќе замине за Самоа на состанок на земјите од британскиот Комонвелт.