(ВИДЕО) Интервју со Узунов: Инфлацијата не ја смири оваа влада, тоа е китење со туѓи перја

by Fokus

Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со универзитетскиот професор д-р Ванчо Узунов. Експертот по економија од Правниот факултет во Скопје вели дека оваа влада нема да спроведе вистински структурни реформи, бидејќи е фокусирана на мерки што само ќе ѝ го продолжат владеењето. Владата се пофали дека ја смирила инфлацијата за помалку од 100 дена и дека го зголемила растот на индустриското производство во јули и во август, но професорот Узунов смета дека не може ниедна влада да постигне такви резултати и дека тоа е китење со туѓи перја, дрско и безобразно однесување на политичарите. 

Разговараше: Орце КОСТОВ

ФОКУС: Новата влада се пофали дека ја смирила инфлацијата за помалку од 100 дена и дека го зголемила растот на индустриското производство во јули и во август. Можно ли е за таков краток период да се постигнат вакви резултати?

УЗУНОВ: Не може ниедна влада. Прво, инфлацијата се смири во опкружувањето сама по себе, ја смирија некои други, а второ, на нашата економија со инфлацијата и во предизборниот период и во изборниот период и по изборите се справуваше Народна банка, а не владата. НБРМ е настрана од овој политички естаблишмент.

За инфлацијата нема заслуга оваа влада, ова е едноставно китење со други перја до крај. Дрско, неучтиво. Индустриското производство не може да го покачи владата само затоа што дошла на власт. Што сака да каже?

Фирмите работат сега подобро затоа што има нови министри и премиер? Има поголеми инвестиции од владата? Нема. Владата вели дека и онака не трошела затоа што немало пари во буџетот, а тоа се зголемило затоа што фирмите многу ги сакаат новите министри.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости