Во најновиот број на неделникот „Фокус“, објавуваме интервју со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која како и своите претходници, вети на студентите дека наскоро ќе почне да се реновира домот руинираниот „Стив Наумов“ во Автокоманда, а им порача на менаџерите на домовите да водат повеќе грижа за исхраната на студентите.
Разговараше: Орце КОСТОВ
ФОКУС: Се зборува за покачување на плати, за програми и концепти во образовниот систем и во сенката на општествена дебата повторно се студентите кои треба да бидат идниот двигател на системот. Студентскиот стандард во домовите се сведе на виршла и варено јајце, а оние студенти кои се во студентскиот дом „Стив Наумов“ имаат нехумани услови за живот. А, реновирањето на истиот дом требаше да почне пролетта во 2023 година. Кога ќе добијат студентите пристојни услови за живот?
ЈАНЕВСКА: Еден студентски дом веќе се реновира. Реновирањето на „Стив“ треба да почне многу многу брзо, зошто минатата влада не го почнала процесот не можам да одговорам. Ние го забрзавме процесот, очекувавме некои документи да се досредат и наскоро ќе почне реновирањето на тој дом. Ние како Влада имаме план да реновираме уште шест други студентски домови и да ја заокружиме целата слика за студентите да имаат еден нормален студентски стандард и да имаат нормални услови за живеење и учење.
Во однос на исхраната ние одвојуваме средства, но ќе им се обратам на менаџерите на студентските домови дека треба да водат малку повеќе грижа, а ние како МОН ќе се трудиме да им обезбедиме средства за непречена работа.
ФОКУС: Како ја оценувате мерката за субвенциониран студентски оброк? Може ли да се очекува зголемување на износот и , конечно, ќе добиваат ли студентите квалитетна храна?
ЈАНЕВСКА: Во план е за следната година да го покачиме студентскиот оброк, не можам да ветам колку, но сериозно се размислува и се планираат буџетски средства за тоа.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.