Во најновиот број на неделникот „Фокус“, објавуваме интервју со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која најави дека до крајот на септември ќе се донесат нови или ќе се изменат и дополнат вкупно шест клучни закони во образовниот процес со кои ќе се почне коренита реформа во можеби најслабата алка во македонското општество.
Разговараше: Орце КОСТОВ
ФОКУС: Претходната власт донесе нови закони за основно и високо образование. Недостасува уште нов закон за средно образование. Една верзија седи во фиоката на министерот. Подготвува ли МОН ново решение?
ЈАНЕВСКА: Да, во минатото се подготвуваа закони за средно образование и средно стручно образование, ние како опозиција дадовме придонес во тоа, но законот во Собрание не беше доставен до неколку дена пред на изборите и немаше можности да се донесе. Од денешна гледна точка, можеби не беше лошо решението да не се донесе затоа што требаше да се усогласат уште некои работи. Во моментов се работат не два, туку шест закони: за основно образование се прават измени и допочнувања, се подготвуваат законите за средно, средно стручно, закон за Национална рамка за квалификации, Закон за образование на возрасни и се работи на Законот за учебници за да немаме проблем во иднина во 21 век на 1 септември да немаме учебници. Сите шест ќе бидат донесени оваа година, јас искрено се надевам дека тоа ќе биде до крајот на септември.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.