Во најновиот број на неделникот „Фокус“, објавуваме интервју со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која смета дека сегашниот концепт на инклузивно образование е неизводлив и затоа се бараат други решенија.
Разговараше: Орце КОСТОВ
ФОКУС: Зошто сметате дека концептот за инклузивно образование е неуспешен и што ќе се менува таму?
ЈАНЕВСКА: За жал во ова општество концептот за инклузивно образование каков што беше замислен е неизводлив. Тоа не е мое лично мислење, туку мислење формирано според сознанијата кои ги добиваме од терен од родители од наставници од образовните асистенти и очигледно дека таму нешто треба да се промени. Ќе ги зајакнеме ресурсните центри, ќе почнеме со формирање на општински ресурсни центри, ќе им овоможиме на родителите кои имаат деца со тешки попречености, заедно со комисијата за функционална процена да одлучат во какви училишта може да учи нивното дете. Овие неколку елементи кои ги набројав се голема придобивка да го подобриме инклузивното образование за бенефит да имаат сите, а најмногу децата со попречености.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.