Камил Бартошек – чешки продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор, попознат по прекарот Казма, лансираше наградна игра со главна награда од 1 милион долари, која ја чуваше во контејнер под шифрирана брава. Меѓутоа, бидејќи не се сретнал со победникот, тој решил да им подели милион долари на натпреварувачите кои се пријавиле за наградната игра и тоа го направил на навистина бизарен начин.
100.000 пријавени натпреварувачи во 6 часот наутро добиле мејл со информација за локацијата каде ќе се фрлаат парите од хеликоптерот. За да си ја отежнат задачата, натпреварувачите морале да ја дешифрираат испратената шифра и на крајот, според проценката, на закажаното место се појавиле 4.000 луѓе.
Луѓето се појавиле со ранци и чанти и избезумено почнале да собираат пари кои буквално паѓале од небо, а некои помислиле да соберат пари со помош на чадори.
View this post on Instagram