Илјадници верници се собраа на главниот плоштад во албанската престолнина за да ја извршат бајрамската молитва и да го одбележат крајот на постот Рамазан.
Снимките и фотографиите од дрон прикажуваат верници во долги редици на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, годинава десетици илјади верници се собраа на бајрамската молитва во центарот на албанската престолнина.
🇦🇱 Muslims in Albania gathered in the Skanderberg square in Tirana to offer their Eid prayers.pic.twitter.com/rov89q2aCr
— kos_data (@kos_data) April 21, 2023
Skanderbeg Square in the center of the Albanian capital Tirana is filled with tens of thousands of worshipers who turned to perform #Eid_Al-Fitr prayers pic.twitter.com/IOBYVQj5l0
— The Voice Of SL (@ThevoiceofSL) April 21, 2023
Според последниот попис на населението од 2011 година, 56,7% од албанското население го практикува исламот, што ја прави оваа религија најголема во оваа земја од Југоисточна Европа.