По апсењето на поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, остро, со обвинувања, реагираа од неговата партија која смета дека станува збор за „киднапирање, а не за апсење“, а според лидерот на Демократската партија – Сали Бериша, станува збор за „политички прогон“.
🇦🇱 Albania’s former president and prime minister, Ilir Meta, was arrested today.
Meta is the leader of the Freedom Party, the third-largest in Albania.
With Meta’s arrest, all major opposition leaders, including the Democratic Party’s Sali Berisha, have now been arrested. pic.twitter.com/yKDYZS7vHY
— kos_data (@kos_data) October 21, 2024
– Тоа не е апсење, тоа е земање заложник, киднапирање, среде бел ден. Немаме информации каде е господинот Мета сега – кусо изјавил генералниот секретар на партијата Теди Блуши.
Во острата реакција лидерот на Демократската партија и поранешен премиер и шеф на албанската држава, Сали Бериша, обвини дека станува збор за „политички прогон“ и оти „Еди Рама се обидел и физички да го елиминира“.
– Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги спроведоа наредбите на Еди Рама, кој со сите средства се обиде да го елиминира Илир Мета политички, а можеби и физички. Ве известив дека Думани спие на досие во кое се расправа за елиминација на политичар близок на Еди Рама. Дали разбирате дека државните банди би се дрзнале да елиминираат политичар близок до Еди Рама, без наредба на Еди Рама? Значи, Еди Рама е едно со криминалот, обвини Бериша.