(ВИДЕО) Илиевски: Шокантно е што за Мицкоски не се приоритет здравството, платите и стандардот, туку промена на грбот и химната

by Fokus

Владата на Мицкоски преку министерот без ресор, Арбен Таравари, не информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството, рече денеска на прес-конференција Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

Според него, „оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, сиромаштијата која расте и стандардот на граѓаните, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност“.

„А реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста. По овие најави, повеќе од јасно е дека граѓаните ќе бидат „хранети“ со теми за поделба на јавноста, додека државата тоне во сиромаштија, а животниот стандард пропаѓа. На ова СДСМ предупредуваше со месеци во кампањата – од ВМРО-ДПМНЕ не може да се очекува ништо друго“ порача Илиевски.

Поврзани новости