(Видео) Илиевски: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

by Fokus

Волкот го менува влакното, но не и карактерот. ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на граѓаните, изјави Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола.

„Џабе се понадеваа граѓаните, кои во огромен број го гласаа ВМРО-ДПМНЕ, дека можеби ова е некое ново, променето ВМРО-ДПМНЕ. Така лажеше Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е само обична криминална група, која ги злоупотребува чуствата на граѓаните да се докопа до власт, за потоа да може да тера како најдобро што знае, богатејќи се на нивниот грб.

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е еклатантен пример на вечен криминалец во политиката. Човекот кој беше осуден за 5 милионски криминал во ЈСП, денес е прв човек во Владата после Мицкоски. И што може да се очекува од осуден криминалец освен да продолжи онаму каде што застанал.

Граѓаните се во шок и неверување од последната информација која ја споделија медимите, а тоа е дека Јанушев, замислете, добил на поклон градежно земјиште во сред Центар во вредност до 325.000 евра. Вакво перверзно легализирање на криминално стекнати пари досега не е забележано во македонската политика. Ова е за златен медал“ рече Илиевски.

Според него. не може ништо различно да се очекува од Јанушев кој еднаш е веќе осуден криминалец.

Илиевски праша дали Јануешв е промената која ВМРО-ДПМНЕ ја вети и дали институциите ќе реагираат.

„Очекуваме ДКСК и јавното обвинителство итно, повторуваме итно, да го истражат овој голем поклон кој ете така случајно се паднал баш кај Игор Јанушев. Оваа Влада е владата која во најкус рок ги разочарала граѓаните. Не поминаа ни 30 дена откако седнаа во фотељите, и веќе докажаа дека се далеку полоши од било која власт на почетокот на мандатот“ порача Илиевски.

Поврзани новости