Официјалниот профил на израелските вооружени сили објави видео на социјалната мрежа X во кое наведува дека Иран има план да нападне повеќе од десетина западни земји.
„Уништувањето на САД, Канада, Кина, Украина, Велика Британија, Франција, Русија, Казахстан…“ е почетокот на видеото објавено од ИДФ.
Видеото предупредува на наводниот ирански план за уништување на многу западни сојузници, но и земји како Русија, Кина и Казахстан.
If we don’t stop them, you’re next. pic.twitter.com/svE6JSFph2
— Israel Defense Forces (@IDF) June 17, 2025
„Замислете дека некој има план да ве уништи. Израел не мора да го замислува тоа“, се додава на англиски јазик.
ИДФ вели: „Ако не ги запреме, вие сте следни“
„Иран има план што им се заканува на милиони невини цивили и план што не запира со нас. Нивниот следен план е да ги уништат и сите други земји“, тврди ИДФ во видеото.