ВИДЕО И утринава се вози лудо на булеварот „Борис Трајковски“

by fokus

На булеварот „Борис Трајковски“ каде синоќа се случи страотна несреќа, во која животот го загубија 21-годишник и 48-годишник, возачите и утринава продолжуваат со истите навики. На социјалните мрежи е објавено видео од возило што ги гази двете полни линии за да претекне други возила.

Најверојатно ова е причината и за синоќешната несреќа. Според очевидци еден од возачите возел со неприлагодена брзина, ги преминал двете полни линии и влегол во спротивната лента каде удрил во другото возило.

Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека на овој дел од булеварот редовно се прават сообраќајни прекршоци.

-Ова е секојдневие на „Борис Трајковски“ кон Пинтија. Си прават три ленти, престигнуваат на две полни линии, возат пребрзо и.т.н – вели корисник кој го објави видеото на фејсбук пејџот „Ѕид на сообраќајниот срам“.

https://www.facebook.com/vanemash/videos/10206068424905909/

Поврзани новости